За сајтот
Автоцени е независен каталог на нови автомобили кои официјално се продаваат во Македонија. Еден робот секој ден ги чита веб-страните и PDF ценовниците на увозниците, ги извлекува верзиите и цените и ги запишува тука. Промените на цените се чуваат како историја.
Цените се информативни, во евра со ДДВ, како што ги објавуваат увозниците. Проверете кај увозникот пред купување.
Чести прашања
Колку често се ажурираат цените?
Секое утро роботот ги чита веб-страните и PDF ценовниците на официјалните увозници и ги запишува промените. Датумот на последното ажурирање е прикажан на секоја страница.
Дали цените се конечни?
Цените се информативни, во евра со вклучен ДДВ, онака како што ги објавуваат увозниците. Акциските цени важат додека трае понудата. Пред купување потврдете кај увозникот.
Кои марки се опфатени?
Сите официјални увозници во Македонија што објавуваат ценовници, во моментов 38 марки: од Dacia, Kia и Toyota до BMW, Mercedes-Benz и кинеските марки како BYD, Chery и MG.
Зошто некои автомобили немаат цена?
Некои увозници (на пример Audi, Mercedes-Benz, Volvo) не објавуваат ценовници онлајн. Тие модели се прикажани без цена, за да знаете дека се продаваат во Македонија.
Што значи „од“ во цената?
Тоа е цената на најевтината верзија на моделот од ценовникот на увозникот. Кликнете на моделот за да ги видите сите верзии и нивните цени.
Што значи печатот „Златно тркало“?
Златно тркало е годишен национален избор за најпосакуван автомобил во Македонија, во кој гласа публиката, организиран од Avto Plus. Моделите што победиле во некоја категорија носат златен печат со годината, а во каталогот може да ги филтрирате само нив. Автоцени не е поврзан со организаторите; печатот е наша ознака врз основа на јавно објавените резултати.
Од каде се тестовите и видеата?
На секој модел се поврзани пишаните тестови и YouTube видеата на македонските автомобилски медиуми CARclub, Automedia, CarsByVik, RPM.mk и Korrmotive. Се освежуваат секој ден заедно со цените.
Како да пријавам грешка или нов извор?
Користете го копчето „Пријави грешка“ на секоја страница или пишете на контакт страницата. Пријавите се прегледуваат рачно.
Проект на Ѓорѓе Каракабаков, karakabakov.com