Приватност и податоци за сајтот
Последна измена: 5 октомври 2026
Кој стои зад Автоцени
Автоцени (avtoceni.com) е независен, некомерцијален проект на Ѓорѓе Каракабаков од Скопје. Сајтот не е поврзан со увозниците, производителите на автомобили, медиумите чии тестови ги поврзува, ниту со организаторите на изборот „Златно тркало“. Нема регистрација, кориснички сметки или продажба.
Што собираме
Сајтот работи без сервер со база на податоци. Единствените податоци поврзани со вас се следниве:
- Статистика на посети (Google Analytics 4) само откако ќе кликнете „Прифати“ на банерот. Google поставува колачиња (_ga, _ga_*) и обработува анонимизирана IP-адреса, уред, прелистувач и посетени страници. Ако одбиете, ништо не се вчитува; изборот се чува локално во прелистувачот.
- Поставки во прелистувачот (localStorage): јазик, валута, тема, одговорот на банерот и списокот автомобили за споредба. Тие никогаш не се испраќаат на сервер.
- Пријави на грешки преку копчето „Пријави грешка“ (SnagFrog). Испраќате само тоа што ќе го напишете, по желба е-пошта за одговор, и технички детали за страницата и прелистувачот. Податоците ги обработува SnagFrog во име на Автоцени и служат само за поправање на пријавениот проблем.
- Серверски логови на хостингот (Netlify), кои содржат IP-адреса и време на барањето и се бришат автоматски во кратки рокови.
Надворешни услуги
Видеата се вградени преку youtube-nocookie.com и се вчитуваат дури кога ќе кликнете на нив; тогаш важат условите на YouTube/Google. Фотографиите на автомобилите се прикажуваат од веб-страните на увозниците или од Wikimedia Commons, па тие сервери ја гледаат вашата IP-адреса при вчитување. Линковите до медиумите и увозниците водат кон нивни страни со нивни правила.
Вашите права
Според Законот за заштита на личните податоци имате право на пристап, исправка и бришење на податоците што се однесуваат на вас. Бидејќи Автоцени не води сметки, единствените податоци што можеме да ги избришеме се пријавите на грешки — пишете ни и ќе ги отстраниме. Колачињата на Google Analytics можете да ги избришете во прелистувачот, а согласноста да ја повлечете со бришење на локалните податоци за avtoceni.com.
Содржина и извори
Цените и податоците за верзиите се читаат автоматски од јавно објавените ценовници на официјалните увозници и се прикажани информативно, со извор и датум. Тестовите и видеата се само линкови и вградувања на содржина на медиумите кои ги објавиле. Ако сте носител на права на фотографија или друга содржина и сакате да биде отстранета, пишете ни и ќе го направиме тоа веднаш.
Прашања за податоците: gorgekara@gmail.com